Бугарија во март ќе започне тримесечна рекламна кампања со која ќе се претстави како добра дестинација за инвестиции. Како што изјави извршниот директор на агенцијата InvestBulgaria, Борислав Стефанов, Бугарија закупила рекламен простор во The Economist, Financial Times, Businessweek и The Wall Street Journal, вклучувајќи ги онлајн верзиите на весниците и уште на два ТВ канали.
Печатените реклами се фокусирани на предностите на Бугарија како дестинација за инвестирање, со акцент на поединечни сектори, како што се машинската индустрија, производството на електроника и храната.
Серијата од 10 реклами треба да ја одобрат околу 100 експерти. Рекламите нема да содржат фотографии и нема да се споменуваат имиња на компании.
Најголеми конкуренти на Бугарија во привлекување инвестиции преку рекламирање се Македонија, Турција, Словачка, Полска, Србија и Унгарија, пренесуваат агенциите.