Бугарија: Во оптек новата монета од два лева

95

lev

Бугарската народна банка (БНБ) денеска ја пушта во оптек новата монета со номинална вредност 2 лева, јавуваат бугарските медиуми.

Темата и сликата на Паисиј Хилендарски е пренесена од банкнотите, на двете страни на новата монета.

Монетата постепено ќе ги замени банкнотите со иста вредност. Банкнотите со номинална вредност од 2 лева ќе продолжат да бидат законско платежно средство.