Просечниот Бугар не може да подига поголеми кредити, затоа што тоа лесно може да му создаде финансиски проблеми.
Ова е дел од заклучоците на истражувањето спроведено врз 1.000 луѓе за оцена на нивниот личен кредитен рејтинг што го спроведе кредитната консултантска куќа Кредит центар.
Анализата на податоците покажува дека просечниот индивидуален кредитен рејтинг по човек е 443 поени од максимални 750 поени.
Показателот се пресметува врз база на податоци за брачната состојба, возраст, место на живеење, вкупен работен стаж, работен стаж на последното работно место, приходи, сопственост, задолженост. Критериумите се слични на оние што ги користат банките при проценка на кредитната способност на клиентите.
Во поголемите градови како Софија, Варна, Бургас и Пловдив, просечниот кредитен рејтинг е близу 470 поени, додека во помалите градови е нешто над 410 поени. Околу 80,9% од анкетираните имаат рејтинг меѓу 300 и 450 поени, а 11% спаѓаат во категоријата со кредитен рејтинг под 350 поени. Само 6% испитаници имале висок рејтинг, меѓу 601 и 750 поени.