Бугарите помалку патувале во Македонија, Србија и Турција во мај

42

kuferЕкскурзиите на Бугарите во странство во мај се намалиле, а најмногу бугарски туристи изгубиле Македонија, Србија и Турција. Повеќето Бугари патувале во земјите од Европската унија и тоа најмногу во соседните Грција и Романија, покажуваат податоците на Националниот институт за статистика, пишува софиски Дневник.

Во мај месец, Македонија ја посетиле нешто помалку од 11.000 бугарски туристи, за разлика од истиот период минатата година, кога нивниот број бил 22.000. Србија ја посетиле 12.000 Бугари помалку, само 4.500, додека во Турција во мај биле 21.700, а пред една година биле 28.000.

Од европските земји најпопуларна туристичка дестинација останува Грција, која ја посетиле 31.000 бугарски туристи, со 10.000 повеќе. Романија ја посетиле 13.000 бугарски туристи повеќе, а нивниот вкупен број е 23.000.

Статистичките податоци покажуваат дека бугарските граѓани патуваат во странство претежно на гости или за да учат (зголемувањето е 75%), додека туристичките патувања и службените патувања надвор од земјата се намалени за 39%, односно 4,6%.