Бугарска компанија на пазарот пласира вода во еколошка картонска амбалажа

42

voda

Компанијата ТПК Михалково за првпат на бугарскиот пазар пласира изворска вода во еколошка картонска амбалажа Bag-in-Box од 10 и 15 литри. Оваа компанија одлучи да продава вода во картонска амбалажа поради новите трендови за полнење на минерална и изворска вода. На последните саеми за безалкохолни пијалоци и води во Западна Европа се почесто се демонстрира овој начин на пакување, јавуваат бугарските медиуми.

Компанијата Михалково е еден од најстарите производители на флаширана минерална вода во Бугарија.