Бугарската компанија Норте почна да произведува биоразградливи четки за заби произведени од бамбус, под брендот Nordics.
Дршката на четката е 100% бамбус што се набавува од Малезија. Материјалот поминува низ процес на карбонизација и термичка обработка. Влакната се од висококвалитетен рециклиран најлон на американската компанија DuРont. Пакувањето е од 100% рециклиран картон, целосно е разградлив и се произведува во Бугарија, пишува софиски Капитал.
Четките се продаваат по цена меѓу 4,50 и 5 лева (2,25 и 2,55 евра).