Бугарскиот бизнис очекува пад на инвестициите во 2015 година

9

bg

Бугарските претприемачи остават зад себе една тешка година, а очекуваат проблеми и во 2015 година. Инвестициите во индустријата во 2014 година ќе бидат за 10,4% пониски во однос на 2013 година. Сликата не е охрабрувачка ниту за 2015 година, се очекува нов пад на инвестициите за 28,2% во однос на 2014 година, покажува анкетата на Националниот институт за статистика спроведена во октомври меѓу индустриските претпријатија, пишува Сега.

Се очекува во 2015 година инвестициите со најголем удел да учествуваат во зголемување на производствениот капацитет – 31,3% од вкупниот обем на инвестиции во индустријата. На второ место се инвестициите предвидени за механизација или автоматизација на постојните производствени процеси и за воведување на нови производствени технологии – со 29,8%, а по нив следуваат инвестициите за замена на истрошена опрема – со 25,8% и за заштита на животната средина, мерки за безбедност и друго со 13,1%.

Оваа година се очекува најголем удел од вкупните инвестиции, 41,7% да бидат во енергетиката и сродните водени индустрии, потоа во производство на стоки за времена потрошувачка – 31,1% и индустриите кои произведуваат недолготрајна стока за широка потрошувачка, 16,2%.