Заживувањето на La Voiture Noire, којшто е своевидно модерно толкување на специјалниот Type 57 SC Atlantic што беше произведуван меѓу 1936 и 1938 година, предизвика огромен интерес. Токму поради тоа, Bugatti реши да им понуди на своите клиенти две специјални изданија на Chiron базирани на истата тема.
Така, оние кои сакаат во свој посед да имаат уште поексклузивен хиперспортски автомобил од “обичниот“ Chiron, ќе мораат да побрзаат бидејќи Bugatti планира да направи само по 20 примероци од секоја од двете Noire варијанти.
Chiron Noire Sportive и Chiron Noire Élégance ќе чинат по три милиони евра, и тоа во основниот пакет на опрема без дополнителните опции коишто Bugatti ги нуди во изобилие.
Преземено од: Avtoplus.mk