“Букет“ од есенски лисја во супермаркет за 7,5 долари

190

Социјалните мрежи во Велика Британија се преплавени од фотографија на којашто се гледа “букет“ од есенски лисја што се продава по цена од шест фунти или 7,5 долари, пренесува Oddity central.

Од фотографијата објавена на Twitter се гледа купче есенски лисја спакувани во проѕирен целофан, а на него има назнака дека станува збор за “есенски букет“.

И покрај бројните реакции, од британскиот супермаркет објасниле дека цената на “букетот“ е одредена од побарувачката на потрошувачите.

“Забележавме голема побарувачка за есенски лисја, нашите потрошувачи сакаат да ги декорираат нивните сезонски цвеќиња и да ги уредат своите домови“, рекол портпаролот на Waitrose.

Фото: Twitter