Букурешт меѓу најголемите ИТ градови во Европа

22

tastatura

Букурешт, благодарение на брзиот развој на ИТ секторот, е осмиот најатрактивен технолошки центар во Европа, пишува Romania Insider.

Романската престолнина е зад Лондон, Париз, Берлин, Минхен, Мадрид, Даблин и Будимпешта, а е подобар од Амстердам, Милано, Москва и Истанбул.

Податоците покажуваат дека Букурешт е четврт европски град по пораст на бројот на вработени во ИТ секторот. Од 2010 до 2015 година, за 28% е зголемен бројот на вработени во овој сектор во главниот град на Романија.