Букурешт е многу работи. Но сигурно не е една работа – Будимпешта. Вака почнува рекламата за чоколадото РОМ што ја изработи агенцијата McCann Букурешт. Преку чоколадото всушност се спроведува една цела кампања за тоа каде се наоѓа Букурешт, а каде Будимпешта. На многу духовит начин, во видеото се објаснува дека целата забуна околу тоа кој град е во Романија, а кој во Унгарија започнала во 1990 година, кога Мајкл Џексон на концерт во Букурешт излегол на сцена и рекол “Здраво Будимпешта!” Истата грешка ја направиле и Iron Maiden, Morcheeba, Lenny Kravitz, Metallica, Ozzy Osbourne, Whitesnake… Овој проблем доживува кулминација кога во 2012 година околу 400 навивачи на Athletic Bilbao го пропуштија финалето на Лига Европа, затоа што наместо во Букурешт, слетале во – Будимпешта.
Најчитани
Во тек е исплата на парите од “Мој ДДВ”
Исплатата на МојДДВ за третиот квартал 2024 година е во тек.
До сега се изготвени налози за поврат кон 370.603 лица во износ од 658.280.592,00...
Кој е наследник на империјата на Миодраг Костиќ: Се вика Александар, има 30 години...
Српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ почина денеска на 65-годишна возраст, оставајќи зад себе огромна деловна империја. Тој пред пет години се повлече од менаџерските функции,...
Заборавете на CV: Младите го менуваат начинот на кој аплицираат за работа
Генерацијата Z го менува начинот на кој аплицираат за работни места со тоа што ги отфрла традиционалните формати на биографија и наместо тоа, прави...
Познати финалистите за Европски Автомобил на Годината
Жирито на Европски Автомобил на Годината (ECOTY) ја објави листата на финалисти за 2025 година. Од првичните 40 модели, 60-те судии ја намалија конкуренцијата...
Што е солемнизација?
Од една страна, нотарот проверува дали договорот е составен во пропишана форма, а од друга страна на странките им ја објаснува смислата и последиците од тој договор.