Бундесбанк: Германската економија очекува постепено закрепнување од следната година

Се очекува германската економија постепено да закрепнува по неколку години контракција, особено од вториот квартал на 2026 година, кога економскиот раст ќе се забрза првенствено благодарение на повисоките државни трошоци и растот на извозот, според прогнозата на Бундесбанк објавена денес.

Бруто домашниот производ на Германија ќе порасне за 0,6 проценти во 2026 година, 1,3 проценти во 2027 година и 1,1 процент во 2028 година, се додава во проекцијата на банката.

Се очекува економскиот раст да биде поттикнат од експанзивна фискална политика, издвојувања за одбрана и инфраструктура, како и нови инвестиции во изградба на приватни станови.