Бундесбанк нема да исплаќа добивка првпат по 1979 година

28

Германската централна банка објави дека првпат од 1979 година нема да исплати добивка на владата поради поголемите резервирани средства за ризици во време на криза и повисоки трошоци за камати.

Претходната година, Бундесбанк исплати добивка од 5,9 милијарди евра, а ја исплаќа редовно од воведување на еврото во 1999-та година. Највисока била добивката во 2001-ва година, кога надмина 11,2 милијарди евра.

Бундесбанк во текот на минатата година беше принудена да ги зголеми резервираните средства за ризици за 2,4 милијарди на 18,8 милијарди евра.

“Повисокото ниво на резервации за ризици е главната причина поради којашто Бундесбанк објавува урамнотежен годишен резултат за 2020 година и нема да дистрибуира добивка првпат од 1979-та година“, рекол гувернерот Јенс Вајдман.

Резултатот за 2020 година беше под влијание и на повисоките трошоци за камата, поради поволните каматни стапни со коишто беше обезбедено финансирање за комерцијални заеми и кредитирање.

Бундесбанк има свој удел и во добивката на Европската централна банка, но таа е од ниво од 1,6 милијарди долари, што е значително помалку одошто една година претходно кога изнесуваше 2,4 милијарди евра. ЕЦБ го распоредува вишокот кон централните банки на 19-те земји членки од еврозоната, а Бундесбанк има поголем удел, од околу 26%, во склад со уделот на уплатен капитал во ЕЦБ.

Фото: Pexels