Буре вино на Анџелина Џоли и Бред Пит продадено за 10.100 евра

24

gty_brad_pitt_angelina_jolie_wine_lpl_130307_mainБуре со органско бело вино, од француска винарница, чии сопственици се холивудскиот пар Бред Пит и Анџелина Џоли, беше продадено за 10.100 евра на аукција.

Уникатното вино од имотот на моќната двојка, Chateau Miraval, ќе патува за Република Конго, каде ќе најде намена во проект што се спроведува во Киву регионот.

Бурето беше дел од 27-те вина на продажбата, произведени од лозарите во Коренс, Јужна Франција, за да се соберат пари за хуманитарната цел во Киву.

BkPEB3uZEpCx

Бред и Анџелина ги здружија силите со француската фамилија лозари Перин со цел да го произведат брендот вина Miraval Cotes de Provence, именуван според нивниот имот во Франција.

Холивудската двојка го купи имотот во 2008 за околу 40 милиони евра. Истиот се простира на површина од 500 хектари, а Бред и Анџелина го користат како летна резиденција. Имотот вклучува 50-60 акри винова лоза.

2012-Jolie-Pitt-Perrin-Miraval-AOC-Cotes-de-Provence

Првите 6.000 шишиња од виното Miraval Rose беа продадени за само пет часа, на онлајн продажбата во март.