Burger King доаѓа во Хрватска?

24

Client: Burger King Agency: Wunderman-Chicago Project: New products for menu boards and drive thruВо Хрватска наскоро би можел да се отвори првиот Burger King. Франшизата за овој популарен американски синџир за брза храна во Хрватска наводно го добила словенечка Спортина, пишува Пословни дневник.

Иако од Спортина не потврдуваат, ниту ја демантираат информацијата, податоците на официјалната страна на Burger King покажуваат дека франшизата во Хрватска веројатно некој веќе ја има, затоа што не постои можност да се добие. А тоа може да значи само едно – или Burger King не се заинтересирани за хрватскиот пазар (што е малку веројатно) или постои некој кој веќе има единствено право на франшизата, заклучува Пословни.

Спортина група, која е во сопственост на еден од најбогатите Словенци, Бахтијар Бајровиќ, е сопственик на Burger King франшизата во Словенија, а првиот ресторан го отвори пред две години.