Burger King ќе донесе веге – бургери во Европа

222

Канадската холдинг компанија за брза храна Restaurant Brands International, којашто пред пет години го преземе американски Burger King, планира да претстави веге – бургери во повеќе од 20 европски пазари.

Жителите на повеќе европски земји ќе можат да го пробаат Rebel Whopper, којшто е изработен од веге месо од страна на Vegetarian Butcher, којшто е во сопственост на Unilever.

Производот ќе биде достапен на 2.400 европски локации, пишува CNBC.

Burger King за прв пат го претстави Rebel Whopper и уште еден веге – сендвич, Rebel Chicken King, пред неколку месеци во Шведска.

Компанијата, исто така, работи на веге – бургери наменети за пазарите во Јужна Америка и Азија. Акциите на Restaurant Brands имаат пазарна вредност од 31 милијарда долари, што е пораст за 28% досега годинава.

Фото: Facebook