Buyout – нов тренд меѓу богаташите

93

Од Ирска до Белизе, секој турист со длабок џеб може да најде нешто за себе. Пандемијата сè уште е владее, хотелите губат милијарди… Тоа е реалноста деновиве. За да не чекаат да помине кризата и да излезат од црвено со финансиите, хотелите промовираат нов тренд – Buyout (откуп). Станува збор за купување на целиот простор – соби, ресторани, базени, спа центар – за само една група патници. На овој начин, хотелите привлекуваат богатите муштерии и го одржуваат својот бизнис. Овие се најпопуларните места, со истакнати цени за една ноќ.

Замокот Kilkea, Ирска, 7.000 евра

Една група од најмногу 26 гости можат да ги изнајмат сите 11 соби и да останат во овој прекрасен замок стар 840 години. Се наоѓа на 45 минути возење од аеродромот во Даблин и има: градина полна со рози, голем салон, јавање коњи, опрема за стрелаштво, спа, терен за голф. Гостите кои го резервираат замокот го имаат целиот персонал на располагање.

Six Senses Zil, Сејшели, 330.000 евра за една недела

На островот Фелисит има едно одморалиште – Six Senses Zil. Хотелот може да се резервира за ексклузивен неделен престој до 20 гости, иако може да се преговараат за дополнителни престој преку ноќ и за повеќе туристи. Бујните шуми го покриваат островот, којшто има 30 вили со една или две спални соби и две одделни резиденции. Сите оброци се вклучени во цената, како и пристап до активности од риболов, крстарење до нуркање.

Cayo Espanto, Белизе, од 15.000 долари

До 18 гости можат да ги користат објектите на ова приватно одморалиште на четири хектари, што се наоѓа на скоро пет километри од брегот на Белизе. Островот содржи седум вили – шест на плажа и една на вода и секоја има своја посебнао пристаниште, базен, батлер и плажа. По цена од 14.995 долари, откупите се “најевтини“ во текот на летото и есента, додека цените се повисоки за време на Божиќните денови и во пролетта. Во цената се вклучени сите оброци и закуски, повеќето пијалоци, бродски превоз и активности како што се риболов, нуркање и едрење.

Фото: Facebook