BYD им дава бонуси на дилерите за рекордна продажба минатата година

27

Кинескиот BYD, кој го надмина Tesla во глобалната продажба на електрични автомобили во четвртиот квартал, ќе подели награди во вкупна вредност од две милијарди јуани (околу 282 милиони долари) на своите кинески дилери.

Кинескиот производител на автомобили ќе плати 666 јуани (93,17 долари) по продаден автомобил на дилери доколку тие ги постигнат своите продажни цели во 2023 година, велат изворите. Бројот 666 се смета за поволен број во Кина, бидејќи звучи како зборот „кул“ или „неверојатно“, пренесува Ројтерс.

Се проценува дека BYD ќе плати вкупно до две милијарди јуани, бидејќи минатата година беа продадени повеќе од три милиони единици електрични автомобили и plug-in хибриди. BYD брзо ја проширува својата продажна мрежа во Кина преку дилери за да ја зголеми продажбата, особено во помалите кинески градови.

BYD има повеќе од 3.400 продавници во Кина кои ги продадоа моделите на Dynasty и Ocean, според податоците на China Merchants Bank International.

BYD објави вкупно 21 милијарда јуани нето добивка во првите три квартали од 2023 година со продажба на повеќе од два милиони возила и компоненти како што се батерии и електроника за паметни телефони.

BYD продаде три милиони автомобили ширум светот во 2023 година, 62 отсто повеќе отколку во 2022 година, од кои 1,57 милиони се електрични возила, а останатите се хибриди. „Тесла“ соопшти дека испорача 1,81 милиони електрични возила во истиот период, што е за 38 отсто повеќе од пред една година.