Calm Booth – кабина за опуштање и медитација што не пропушта звук

54

Дизајнерското студио Room од Њујорк креираше кабина што не пропушта звук, наменета за опуштање и медитација.

Calm Booth се инсталира лесно, а може да се смести во канцелариски простор и да послужи како катче за бегство од напорната работа, пишува Designboom.

Студиото, за проектот, ги здружи силите со апликацијата за медитација Сalm, којашто помага за ослободување од стрес и замор и го насочува фокусот. Кабината може да се пренамени за телефонски разговори, а може да се користи и за работа на лаптоп. Има систем за вентилација, led светло коешто се активира на движење.

Секоја кабина доаѓа со 12 премиум “лекции“ за смирување, апликации за спиење, медитација, релаксација и музика. Трите слоја на материјали што не пропуштаат звук се изработени од над 1.000 рециклирани пластични шишиња.

Фото: Room