ЦБЦГ ја укинува позицијата главен економист

26

cbcgЦентралната банка на Црна Гора (ЦБЦГ) одлучи да ја укине позицијата главен економист, која до изборот за вицегувернер за финансиска стабилност и платен промет во мај ја покриваше Никола Фабрис, јавува РТЦГ.

“Задолженијата што досега ги имаше главниот економист се пренесени на вицегувернерот за финансиска стабилност и платен промет, освен секторот за информатичка технологија, со кој раководи директорот на секторот”, објаснуваат од ЦБЦГ.

Главниот економист беше задолжен за собирање и обработка на податоци за макроекономски анализи, вклучувајќи ги монетарните, фискалните, финансиските и платнобилансните анализи. Во надлежност му беа оперативните работи за остварување на финансиска стабилност, подготовка на нацрт политиката на ЦБЦГ и ги советуваше гувернерот и вицегувернерите за макроекономски и монетарни прашања.