CEED Global избра претприемач на годината

24

3

Глобалниот центар за развој на претприемачи и менаџери, CEED Global, денеска во Казабланка, Мароко, го избра Матеј Фегуш од Словенија за CEED претприемач на годината. Во име на Фегуш, наградата на Конференцијата во Мароко ја прими директорката на CEED Словенија, Барбара Брегар – Мрзликар.

barbara

Во трката за прво место, покрај Фегуш, во финалето влегоа и Даница Личанин Блажеска, Рептил маркети (Македонија), Васил Пламенов Карајванов, EuPA (Бугарија), Дритон Хапчиу, Cacttus (Косово), Адел Моктари BP212 (Мароко), Јонут Раду Попеску, MBM Software & Partners S.R.L. (Романија), Урош Игњаќевиќ, Прима Медиа (Србија) и Зиед Гуига, Wallyscar (Тунис).

fegusМатеј Фегуш, извршен директор на компанијата Donar која се занимава со дизајн и производство на ергономски работни столици и уникатен мебел, ќе добие 20.000 долари и можност да помине еден ден со реномирани претприемачи од интернационалната мрежа на CEED, како Џеф Хофман, основач на Priceline.com и Сет Голдман, основач и извршен директор на Honest Tea. Финалистите од секоја земја каде што е присутен CEED ќе добијат признанија.

Финалистите на CEED Претприемач на годината 2014 беа избрани врз основа на своите достигнувања во подобрување на капацитетите на компанијата, градење на врски, обезбедување на пристап до капитал и развој на заедницата.

CEED Македонија е дел од меѓународна мрежа на претприемачки центри кои освен во Македонија, функционираат и во Србија, Бугарија, Косово, Албанија, Словенија, Романија, Црна Гора, Полска, Босна и Херцеговина, Ерменија, Молдавија, Бангладеш, Тунис, Мароко, САД.

2 ceed