CEED ја менува перцепцијата на претприемачите

13
jovan1
Јован Маџовски, генерален директор на Центарот за развој на претприемачи и менаџери (CEED) во Македонија

Balkans.com: Вие сте генерален директор на Центарот за развој на претприемачи и менаџери (CEED) во Македонија. Можете да им ја претставите Вашата компанија на нашите читатели?

Јован Маџовски: Целта на Центарот за развој на претприемачи и менаџери (CEED) е да им обезбеди на претприемачите и нивните извршни тимови корисни совети и вмрежување кои им се потребни за ширење на нивните бизниси, како и промовирање на истите во поголемите бизнис центри. Со веќе постоечките центри во Бугарија, Романија, Словенија, Македонија, Србија, Албанија и новите во Ерменија и Бангладеш, и новите активности планирани за 2013 во Босна и Херцеговина, Полска и Турција, CEED го промовира развојот на приватниот сектор, ги потпомага малите и средни претпријатија и придонесува за економската стабилност.

CEED Македонија започна со работа во 2007 година, како петти центар во мрежата, со само тројца вработени. За време на своето пет годишно постоење, CEED Македонија успеа да си обезбеди позиција на локалниот пазар како единствен и иновативен центар за бизнис поддршка, кој истовремено дизајнира и испорачува менаџмент, лидерство и личен развој, едукативни програми и консалтинг услуги. Тимот на CEED Македонија денес брои вкупно 14 вработени. Ги комбинираме сопствените CEED ресурси со консултанти и експерти од други релевантни полиња.

Balkans.com: Вашата компанија нуди широк спектар на обуки и консалтинг услуги за претприемачи. Кажете ни повеќе за тоа?

Јован Маџовски: Целта на CEED е да создаде една заедница на претприемачи кои имаат ист став, да ги поддржи нив и нивните извршни менаџери во развојот и растот на нивните бизниси. Нудиме главно програми за тренинг на капацитот што се фокусираат на практичното знаење дополнето со споделување искуство и менторство од успешни локални бизнис лидери, пристап до финансии и цврсто регионално и интернационално вмрежување. Имплементацијата на CEED Top Class програмите е нашата главна активност од воспоставување на центарот во Македонија во 2007. Досега во програмата учествуваа пет генерации, односно 150 мaкедонски претприемачи и менаџери подготвени да платат речиси пазарна цена за иновативно едукативно искуство.

CEED Top Class е екслузивен тренинг каде одбрани млади претприемачи и менаџери посетуваат едногодишна програма за развој, образование, едукација, креативност и најмногу од се, ги изучуваат практичните програми базирани на размена на искуства и идеи, менторски сесии и вмрежување. Освен CEED Top Class програмата, нашето портфолио вклучува уште 12 други тренинг програми. Некои од нив се CEED финансии за претприемачи, CEED Маркетинг, CEED Middle Менаџмент програма, CEED програма за претприемачи (за компании со повеќе од 10 вработени). Наша гордост се постојаните клиенти и генерациите од овие програми.

Balkans.com: Дали претприемачите од вашата земја ја разбираат потребата за постојана надоградба?

Јован Маџовски: За жал не. CEED е пионер во менувањето на размислувањата од типот “Јас знам се”, “Немам време за постојана надоградба”, “Кој друг ќе биде таму”, “Кој ќе ме учи”, и др. За среќа, ние ги имаме вистинските одговори на овие прашања и го менуваме ставот на претприемачите кон личниот развој. Поголемиот број од нив не превземаат ништо на ова поле – MBA или мастер студиите се многу сложени, долги, недоволно практични, премногу скапи и бараат голема посветеност и жртвување на работните и приватните обврски. Од друга страна пак, доколку не се превземе ништо, не може да се оддржи подготвеноста и ентузијазмот за водење на бизниз. Ние обезбедуваме релаксирана атмосфера каде претприемачите можат да учат, дебатираат, прашуваат, сретнуваат едни со други, да соработуваат меѓу себе и да си помагаат.

Повеќето од нив се добри претприемачи, но за жал лоши менаџери и во одреден момент во работењето тој недостаток на менаџерски дух доведува до застој на бизнисот, па дури и до криза. Токму затоа стекнување на менаџерски вештини од успешни менаџери, вмрежување и менторство е она што ја прави нашата понуда единствена и соодветна за претприемачите.

Но сепак, подготвеноста да се плати пазарната цена за ваква едукативна програма е најголемиот предизвик во овие кризни времиња. Затоа само оние претприемачи со навистина широки погледи, што имаат визија надвор од кризата и оние кои што ги гледаат придобивките од ерата на знаењето, бизнис контактите и менторството инвестираат во знаење, вмрежување и практични бизнис совети.

jovan2Balkans.com: Вие сте директор за Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина. Кажете ни со кои проблеми се соочуваат претприемачите во малите и средни претпријатија во тие земји? Дали има некои сличности?

Јован Маџовски: Да многу се слични, но сепак постојат одредени разлики во менталитетот, ориентираноста кон резултати, нивото на сивата економија, ориентираноста кон регионалните пазари и подготвеноста да се прошири фамилијарниот бизнис на следното ниво каде ќе бидат вклучени професионални менаџери и отворени регионални канцеларии. Запознавањето со специфичностите на секој пазар одзема време и вработувањето на вистинските локални работници е предизвик број 1 за сите што го шират бизнисот надвор од границите на својата држава.

Balkans.com: Кои се вашите планови за следните години?

Јован Маџовски: CEED Македонија прераснува во организација ориентирана за извоз – ние извезуваме совети, научени лекции, и најдобри практики за останатите пазари, кои се нови и во развој за CEED, како Албанија, БиХ, Молдавија, Србија… Во делот на програмите за претприемачи ние продолжуваме со изготвување нови програми кои одговараат со потребите на нашите клиенти, како што се Succession Management, Go to market (за компании кои лансираат нов производ на пазарот) подготвеност за извоз, кратки но моќни програми за n делегирање, подучување, time management, оценување на перформансите… Имаме традиција на изготвување и имплементирање на минимум една нова програма годишно.

Моја цел во 2013 ќе биде нашиот CEED Регионален клуб да го зголеми бројот на активности и сесии во кои ќе бидат вклучени микро бизниси и менаџери од средно ниво, кои полека ќе формираат професионален клуб на претприемачи и менаџери каде што ќе можат да се фокусираат на својата професија, на себе си, како да станат подобри, да си следат трендовите во менаџментот, да не се фокусираат надвор кон владините институции и бизнис околината кои не можат да ги сменат доволно брзо за да имаа ефект врз нивните потреби во бизнисот.

Balkans.com: Како ко-основач на две приватни компании, познати ви се предизвиците на развивање на одржување на бизнис. Што ќе им порачате на нашите читатели кои планираат да инвестираат или се заинтересирани за започнување на бизнис во регионот?

Јован Маџовски: Активно инвестирам во бизниси и би им го препорачал следново:

Не двоумете се, тестирајте, започнувајте, многу продавајте, едуцирајте ги вашите луѓе, продавајте помалку, едуцирајте се себе си, престанете да продавате, започнете да менаџирате, поставете цел за секој вработен, продолжете да ги едуцирате вашите луѓе и себе си, вработете професионални менаџери, внимавајте (бидете аналитични) кога го ширите вашиот нов бизнис/услуга/производ, следете ги резултатите и уживајте како сопственик на успешен бизнис. Овој бизнис циклус може да трае од 10 до 30 години, во зависност на која индустрија и припаѓа.

(Извор: balkans.com)