CEED Leaders Talk: Познатиот италијански бизнисмен Рикардо Или за “новата глобална“ економија

Организацијата CEED Global организира Global leader talk lessons, овој пат со Рикардо Или сопственик на познатата италијанска компанија Gruppo Illy.

Во овој Global Leaders Talk, Или ќе сподели како пандемијата предизвикана од коронавирусот влијае на регионот како од социјална, така и од деловна перспектива, и кои мерки што ги презеде неговата компанија се покажаа како ефектни во справувањето со кризата.

Додека во претходните Leaders Talks фокусот беше ставен на тоа како да се преживее кризата, оваа сесија се фокусира на иднината. Или ќе ги сподели своите размислувања за “новата глобална“ економија, ќе одговори на вашите прашања и ќе обезбеди практични совети за акција за заедницата на претприемачи на CEED.

Рикардо Или ја предводи третата генерација на фамилијарната холдинг компанија Gruppo Illy. Заедно со светски признатливото Illy Caffé, групацијата ги поседува и брендовите: Domori (premium chocolate), Dammann Frères (tea), Mastrojanni (winery), а инвестирше и во Agrimontana (jams and marron glaze).

Сите заинтересирани за овој бесплатен вебинар, којшто ќе се одржи на 17 јуни од 15 до 16 часот, може да се пријават на следниот линк.