CEED Македонија организира едукативна Програма за раководители на средно ниво

46

mmCEED Македонија организира Програма за раководители на средно ниво вработени во бизнис секторот во Република Македонија.

Шестдневната едукативна Програма, CEED Middle Management, којашто е единствена од ваков тип во Македонија, е создадена токму за раководителите од средно ниво. Наоѓајќи се истовремено во положба на претпоставени на тимот, со којшто раководат и подредени на своите раководители од повисоко ниво, раководителите на средно ниво имаат специфичната улога за којашто Програмата нуди ефикасни совети и решенија.

14595756_1249650555092337_3460630683309030794_600

Таа има за цел да одговори на нивните потреби, нудејќи знаења, вештини и техники за ефикасно раководење со вработените, успешно балансирање на индивидуалните задачи и личните потреби со барањата на претпоставените од повисоко ниво, при тоа сведувајќи го нивото на стрес на минимум.

Учесниците ќе бидат вклучени во развојна програма базирана на нови знаења и усовршување и зајакнување на вештини, размена на искуства со другите учесници и воспоставување на соработка и деловни контакти.

Од 2011 година па наваму досега во овие програми учествувале:

 Во Middle Management 15 групи со вкупно 295 учесници

Во Middle Management Plus 5 групи со вкупно 69 учесници

И во MM Advanced 2 групи со вкупно 18 учесници

Едукативната Програма, којашто ќе има четири нивоа, започнува на 02.04.2018 година. Сите оние кои ќе се пријават до 26.03 добиваат 20% попуст.

Повеќе информации тука.