CEED Македонија – првиот франшизер на Women in Adria Хрватска

94

12932925_1080986681954142_7475955440773941658_n-580x572
Фото: Women in Adria

CEED Македонија стана првиот франшизер на WIA – Women in Adria,  хрватски бренд за амбициозни жени претприемачи кои се насочени кон градење успешна кариера.

Соработката започнува преку формирање на првиот Клуб на жени во бизнисот – CEED Women in Adria Mакедонија и единствениот бизнис онлајн портал за жени – Woman in Adria Македонија. Во таа насока, CEED Македонија им отвара можност на жените лидери и носители на своите бизниси да се запознаат меѓусебно и да го прошират нивниот бизнис на македонскиот и хрватскиот пазар.

Поврзувањето ќе се одвива преку македонскиот веб портал Woman in Adria, Women in Adria newsletter, членската програма Women in Adria во Македонија и голем број конференции, Б2Б средби во Македонија и Хрватска и настани за вмрежување.

Она што пред две години започна како LinkedIn група, денес е регионален бренд што ги информира, поврзува и ги инспирира жените од бизнисот од Балканот и пошироко. Woman in Adria има над 700 членови од целиот регион, а наскоро и македонските жени претприемачи ќе ја имаат можноста да бидат дел од овој брзорастечки бренд.

За тоа како да станете дел од клубот на жени CEED Women in Adria Mакедонија можете да се поврзете со лице за контакт на следниов линк.