CEED Македонија за прв пат со БЕСПЛАТЕН пакет за зачленување

47

CEED Македонија е водечки бизнис клуб во нашата држава со уникатна платформа за вмрежување и до-едукација.

Од основањето во 2007 година работат на до-едукација и вмрежување на преку 2000 членки во светот воедно и се и дел од меѓународната мрежа на CEED претприемачки центри, оперативен низ 18 држави, на 4 континенти.

Нивното верување е дека единствено преку развој и поддршка меѓу сопствениците на бизниси може да се трансформира бизнис климата и инспирира полово еднаква, претприемачки ориентирана младина.

За таа цел после 15 години искуство и многу научени лекции, конечно членувањето го отвораат БЕСПЛАТНО за нови компании кои ги исполнуваат критериумите и кои ќе бидат формално поканети од Комитетот за евалуација. Повеќе инфо на следниот (ЛИНК).

Од пред неколку месеци лидерство над организацијата зема Филип Димитровски, ко-основач и сопственик на неколку бизниси, кој заедно со неговиот Founder’s circle, односно членките кои претставуваат одбор на директори кои се одговорни за дефинирање на стратегијата, мисијата и визијата на организацијата како и годишниот план на истата го реструктурираа Бизнис клубот, воведоа нови производи и допрва има нови услуги кои дополнително ќе ја зацврстат позицијата и доминацијата на клубот во државата и во регионот.

Членките кои се дел од привилегираниот Founder’s circle засега се: Бизнис Мрежа, Пиксел, Бреинстер и Прилепска Пиварница.

Критериумите за станување член се:

  • ФАЗА НА РАСТ:CEED Бизнис клубот е за “scale ups”. Претприемачите го имаат пронајдено своето место на пазарот, имаат продукт-маркет фит и се на пат кон следната фаза на експанзија и интернационализација. Имаат минимум од 5 вработени.
  • ВИСИНА НА ПРИХОДИ: CEED бара претприемачи кои градат бизниси со скалабилни и потенцијално иновативни и дисруптивни бизнис модели. Компаниите имаат минимум годишен приход од 150к ЕУР.
  • ОСТАНАТИ АСПЕКТИ:
    • Времетраење на пазарот, Комплексност на организацијата и земјата на потекло на самиот бизнис.

За сите кои сметаат дека нивната компанија ги исполнува критериумите наведени погоре и се заинтересирани да дознаат повеќе за CEED Македонија, можат да се пријават на следниот линк.

Бесплатниот пакет ги вклучува следниве услуги и бенефити:

  • Услуга за 1 на 1 поврзување со членка *
  • Пристап до Актуелни бизнис информации
  • Пристап до Подкаст
  • Пристап до Совети за вмрежување
  • Пристап до Вебинар
  • Извештаи за импактот на CEED

* Услугата 1 на 1 поврзување со членка е ограничена на еднаш (1) во текот на годината

CEED Македонија го задржува дискреционото право на база на дефинираните критериуми да направи објективна анализа и одлучи по основ на апликација за членување.