
Комерцијална банка АД Скопје ги информира индиректните учесници кои во периодот од 26 ноември до 10 декември 2025 година поднеле барање за купување граѓански обврзници преку банката, дека сите поднесени барања се целосно реализирани.
Како што соопштуваат од Комерцијална банка, на аукцијата за граѓански обврзници одржана на 12 декември 2025 година, реализираноста изнесува 100 проценти, при што кај издавачот е запишан целокупниот уплатен номинален износ од понудата.
Од банката најавуваат дека до сите индиректни учесници ќе бидат испратени поединечни известувања за купените граѓански обврзници, на начин предвиден во самото барање за купување.













