Цементарница УСЈЕ со помош за настраданите во Србија

26

usjeЦементарница УСЈЕ АД Скопје испрати камион пакувана вода за пиење како помош за настраданото население од големите поплави во соседна Р. Србија. Камионот со повеќе од 15.000 шишиња, односно околу 23.000 литри замина за Белград, од каде ќе биде прераспределен во најзагрозените подрачја во Р. Србија.

Донацијата на Цементарница УСЈЕ АД Скопје замина за Белград како дел од хуманитарниот конвој што беше организиран од страна на Црвениот крст на Р. Македонија.

„Огромната несреќа што ги зафати граѓаните на соседна Србија предизвика големи загуби. Пред сé ненадоместливи се човечките загуби што за жал ги донесе оваа природна катастрофа. Преку нашиот мал гест сакаме да покажеме длабоко сочуство, но и конкретно да помогнеме со најнеоходните потребни намирници во овие денови за жителите на настраданите подрачја. Искрено се надеваме дека за кратко време во настраданите подрачја животот ќе се врати во рамките на нормалата“, велат од Цементарница УСЈЕ.

Од компанијата додаваат дека продолжуваат да ја следат ситуацијата и во координација со надлежните институции, особено со Црвениот крст на Р. Македонија ќе реагираат соодветено во следниот период.