Цената на нафтата падна под 95 долари

Азиските акции скокнаа на највисоко ниво за шест недели во среда, по растот на Волстрит.

Индексот MSCI на акциите од Азиско-пацифичкиот регион, без Јапонија, порасна за 1,5 проценти утрово, достигнувајќи го највисокото ниво за шест недели.

Во исто време, јапонскиот Nikkei е во пораст за 0,82 проценти на 58.347 поени, приближувајќи се до рекордното ниво од 59.332 поени достигнато на крајот на февруари. Кинеските индекси на сини чипови пораснаа за околу 0,5 проценти, додека хонгконшкиот Hang Seng доби 1,2 проценти.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека разговорите со Иран би можеле да продолжат во Пакистан во следните два дена, откако неуспехот на разговорите во текот на викендот го натера Вашингтон да воведе блокада на иранските пристаништа. Пакистанските и иранските претставници, исто така, изјавија дека разговорите би можеле да се обноват.

Знаците дека дипломатскиот ангажман ќе продолжи помогнаа во смирувањето на пазарите, туркајќи ги референтните цени на нафтата далеку под 100 долари за барел.

– Импресивното движење на цените на ризичните активи сугерира дека пазарите се подготвени да го игнорираат моменталното влијание на конфликтот на Блискиот Исток. Постои растечко очекување дека застојот во преговорите наскоро ќе биде решен, што ќе ѝ овозможи на американската администрација да се сврти кон прогласување победа и стимулирање на економијата пред ноемвриските избори – вели Тони Сикамор, аналитичар во IG.

Цената на суровата нафта Брент утрово се  тргува по цена од 94,59 долари за барел, а ВТИ се тргува по цена од 90,72 долари за барел.

На валутните пазари, индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, се стабилизира откако падна на најниско ниво за шест недели – утрово е 98,166 поени, што е за 0,06 проценти повеќе од претходниот ден.

Во исто време, цената на еврото беше задржана на 1,1791 долари, откако преку ноќ достигна шестнеделен врв од 1,1811 долари. Во однос на јенот, доларот остана на 158,98 јени. Цената на златото порасна за 0,1 процент на 4.846 долари за унца.