Цените на домашниот пазар пониски за 0,5% на месечно ниво

19

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0,5% на месечно ниво, односно за 2,3% на годишно ниво.
Во јануари 2014, во споредба со декември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 1,1%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8% и во групата Капитални производи за 0,2%.
Во јануари 2014, во споредба со јануари 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 4%, Трајни производи за широка потрошувачка за 2,6%, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,2%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,2% и во групата Капитални производи за 1%.