
Цените на гасот во Европа во понеделникот го достигнаа своето највисоко ниво за нешто повеќе од една година, со зголемена побарувачка поради ниските температури и укинувањето на ценовната граница ширум ЕУ.
На репер холандската дигитална централа TTF, мегават-час гас со испорака во март вчера беше по цена од 53,9 евра, што е највисока од крајот на октомври 2023 година.
Од минатата недела цените на гасот на ТТФ се зголемија за приближно 11 отсто, а од средината на септември за дури 50 отсто. Најевтина цена лани беше во март кога за мегаватчас се бараа 29,13 евра.











