Цените на готовите земјоделски производи зголемени за 9,2%

16

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во февруари 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 4,6%, а кај аутпутот е зголемен за 9,2%.

Во февруари 2014 година, во споредба со февруари 2013 година, индексот на цените на инпут 1, тековно потрошени средства во земјоделството, изнесува 95.3, а индексот на цените на инпут 2, средства наменети за инвестиции во земјоделството, изнесува 99.4.

Во делот аутпут, во февруари 2014 година, во споредба со февруари 2013 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 112.3, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 100.6.