
Светската економија е на границата на фискалната одржливост поради растот на јавниот долг и глобалните шокови, а на земјите им се потребни итни реформи и внимателно избалансирани економски политики за да се справат со оваа ситуација, изјави во Вашингтон претседателката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева.
Според неа, владите мора да ги забрзаат реформите насочени кон економски раст со цел да ја зголемат продуктивноста и да ја зајакнат отпорноста на економиите на идните кризи.
„Силната економија е најдобриот амортизер“, додаде таа, со порака дека по неутрализирањето на сегашните нарушувања, потребно е да се обноват фискалните резерви.












