Цените на нафтата и златото денеска се во пораст, додека европските берзански индекси се нерамномерни, а американските индекси паѓаат.
Цените на нафтата би можеле да се зголемат до 100 долари за барел поради потенцијален конфликт меѓу Израел и Иран, според високиот енергетски аналитичар на МТС Марки, Саул Кавоник, пренесува (CNBC).
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот падна на 18.974,35 поени, британскиот FTSE 100 на 8.261,54 поени, додека францускиот CAC 40 се искачи на 7.484,46 поени, а московскиот MOEX на 2.799,7 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 42.011,59 поени, индексот S&P 500 на 5.699,94 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 17.918,48 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 78.873 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 77.712 долари.
Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 39.750 евра за мегават-час, пренесува Танјуг.
Цената на златото порасна на 2.659,45 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,9825 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,10304, што е приближно исто како во четвртокот.