
Cпоред податоците објавени на OilPrice.com, цените на нафтата утрово бележат пад. Суровата нафта „Брент“ се тргува по цена од 100,6 долари, додека Вест Тексас Интермедиејд се тргува по цена од 92,20 долари за барел.
На валутните пазари, сепак, вредноста на доларот во однос на кошничката валути падна трет ден по ред.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 99,50 поени, додека вчера во ова време беше 99,90 поени.
Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 159,30 на 158,75 јени.
Американската валута исто така ослабе во споредба со европската, па цената на еврото достигна 1,1545 долари, додека вчера во ова време беше 1,1495 долари.











