Цените на нафтата паднаа

Цените на суровата нафта паднаа на азиското тргување денеска, откако пораснаа во понеделникот поради големите санкции на САД против рускиот енергетски сектор.

И покрај ова, цените остануваат блиску до највисокото ниво во последните четири месеци, според катарската новинска агенција QNA.

Барел сирова нафта од 159 литри за испорака во февруари се тргуваше за 78,38 долари попладне по Сингапурско време, што е за 44 центи помалку од понеделникот. Северноморската нафта „брент“ за испорака во март падна за 64 центи на 80,49 долари.