Цените на нафтата се вратија под сто долари за барел по драстичниот скок

Цените на нафтата денес повторно паднаа под 100 долари за барел откако скокнаа  бидејќи големите производители од Блискиот Исток почнаа да го намалуваат производството по прекините во превозот во Ормутскиот теснец.

Така, нафтата Брент расте 96,83 долари за барел, а американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate)  e 92,36  за барел,  според податоците објавени на OilPrice.com.

Со сериозно намалување на сообраќајот на танкери, неколку клучни производители, како што се Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Ирак, почнаа да го намалуваат производството бидејќи складиштата брзо се полнат.