Во вториот квартал од годинава, во однос на истиот квартал лани, бројот на истргувани станови е намален во половина од опфатените 14 земји членки на ЕУ, додека во втората половина е зголемен, покажуваат новите податоци на Евростат.
Најголем пад на прометот од 20,5 отсто е забележан во Австрија, потоа Словенија со 19,7, Ирска со 18,1 и Франција со 14,6 отсто помалку истргувани станови.
Од седумте земји каде е забележан пораст, предничат Луксембург со 26,3 отсто и Унгарија со 21,7 отсто.
Луксембург е единствената вклучена земја која покажува намалување на бројот на трансакции со станови секоја година во последните пет години, односно од 2019 до 2023 година, според Евростат.
Од 16-те земји-членки на ЕУ, 13 поднесоа анализа на нивните трансакции по новоизградени и постојни станови за 2022 и 2023 година. Во сите тие земји, бројот на трансакции за новоизградени станови во 2022 и 2023 година бил помал отколку за постоечките.
Податоците на Еуростат, исто така, откриваат дека во вториот квартал од 2024 година, цените на становите во Европската Унија се зголемени за 3,6 отсто во споредба со истиот период минатата година.
Во вториот квартал од 2024 година, највисока годишна стапка на промена меѓу сите категории вклучени во индексот на цените на становите во сопственост за Европската унија е забележана кај постојните нови станови во домаќинствата, со пораст од 11,7 отсто.
Од 26-те земји на ЕУ за кои се достапни податоци, 22 покажаа годишен пораст на цените во првиот квартал од годината, додека во четири тие паднаа на годишна основа.
Најголем пораст има Бугарија од 14,6 отсто, Романија со 13,2 и Литванија со 10,5 отсто, а најголемо намалување од 4,9 отсто е забележано во Луксембург.
Во споредба со претходниот квартал, цените пораснаа во 22 земји на ЕУ, а паднаа во четири. Најголем пораст е забележан во Луксембург, 4,4 отсто, Летонија 3,5 и Бугарија 3,3 отсто, а најголем пад е забележан во Шведска со 0,9 и Унгарија и Финска со 0,4 отсто.