Централниот депозитар со јавна опомена од КХВ

18

кхвЦентралниот депозитар АД Скопје, доби јавна опомена од Комисијата за хартии од вредност (КХВ) бидејќи спротивно на Правилата за работа на ЦДХВ операторот на сметки извршил промена на адресни податоци на лице-сопственик на хартии од вредност.

Во соопштението од КХВ понатаму се додава дека согласно Правилата за работа на ЦДХВ, операторот на сметки треба да постапува само по претходна и целосна проверка на документацијата, потребна да се утврди идентитетот на сопственикот на хартиите од вредност.

Истовремено, Комисијата објави дека му е дадена согласност на ЕЈ СИ ЕМ Консулт ДООЕЛ Софија да стекне квалификувано учество во друштвото за управување со инвестициски фондови Иново Статус АД Скопје, односно да се стекне со акции со право на глас чиј кумулативен износ надминува 50% од вкупно издадените акции со право на глас на друштвото.