Чај, бисквити, книги… на ова најмногу трошеле Британците во карантин

Британците кои останаа да работат од дома се препуштија на уживање во кафе, чај, бисквити и добра книга, пишува ВВС.

Потрошени се дополнителни 26,6 милиони евра на чај и кафе и 21 милион евра на бисквити во последните три месеци, покажува истражувањето на компанијата Kantar.

Податоците, исто така, покажуваат дека продажбата на намирници достигна рекорд од 35 милијарди евра за 12 недели до 12-ти јули.

Освен на храна, Британците додека останаа во своите домови, како мерка за заштита од ширење на коронавирусот, трошеа многу пари и на купување книги. Податоците покажуваат дека во овој период за 28% е зголемена продажбата на книги во оваа островска земја.

Иако сега рестриктивните мерки се олабавени, сепак едно од четири семејства во Велика Британија и понатаму прави онлајн нарачки за купување намирници во последните четири недели. Баровите и рестораните во Велика Британија веќе се отворени, но половина од испитаниците рекле дека не се чувствуваат сигурно да отидат на пиво со пријателите во паб. Па така, за 41% се зголемени онлајн нарачките на алкохолни пијалаци што може да се достават до домашна адреса.

Фото: Freepik