Листата „Change the World“ на Fortune, листа на компании кои го менуваат светот, е посветена на идејата дека креативните алатки на капитализмот – постојаната потрага по подобри решенија, поттикнати од профитниот мотив – го прават бизнисот уникатно погоден за решавање на проблемите на општеството.
Списокот за 2022 година, осма по ред, доаѓа додека светот продолжува да се опоравува од пандемијата Ковид-19 и други кризи, вклучувајќи ги климатските промени, војната во Украина, родовата и расната нееднаквост и недостатокот на економски можности.
Партнер на Fortune во изборот на победниците е Shared Value Initiative, консултантска фирма која им помага на компаниите да ги применат деловните вештини на социјалните проблеми.
Ви претставуваме листа од 10 компании кои најмногу го менуваат светот, а комплетната листа можете да ја погледнете овде.











