Часовник користи парфем за да го покаже времето

44

glavna

Германскиот дизајнер Патрик Палкик на Меѓународниот саем за ентериери во Келн, претстави необичен бакарен часовник којшто секој час испушта мирис на различен парфем.

Часовникот, наречен Es Liegt was in Der Luft, (има нешто во воздухот), нуди алтернативен начин за известување на времето, пишува Dezeen.

“Миризливиот часовник му овозможува на корисникот да го доживее текот на времето на поинаков начин. Наместо читање на времето како кај другите часовници, овој виси во воздух и се вдишува“, вели Палкик.

casovnik2

Наместо стрелки, часовникот има 12 мали дупки околу периметарот на бакарната плоча и во нив се додадени различни мириси. Бакарната плоча полека се движи и по одреден временски интервал се испушта капка парфем којашто се слева низ часовникот и испарува оставајќи бледи траги на површината.