Чекор по чекор до повеќе време за себе

34

noze

Фото: Pixabay

Дали ви се случило и по завршувањето на работниот ден, кога ќе дојдете дома, сè уште да размислувате за работа? Мислите за некоректниот однос на вашиот претпоставен, за работата што требаше да ја завршите, а не беше ваша обврска, за натрупаните работни задачи?

Сите сакаме кога ќе си дојдеме дома да ни се случуваат убави работи и да имаме среќни мигови. Но, наместо тоа, мислиме дека нема доволно часови во денот за да си посветиме внимание на себеси и на тоа што не исполнува. Најчесто доаѓањето дома се претвора во место кадешто едноставно застануваме за да се подготвиме за утрешниот работен ден. Меѓутоа, некои луѓе вистински си одат дома, седнуваат на каучот и уживаат. Тие се опуштаат и собираат енергија после работа. Истото можете и вие да направите и да си го добиете потребното време за вас самите. Всушност, можеби сте само три чекори да го постигнете тоа.

Работа/Живот/Забава – Сите ги живееме истите часови

Кога се ќе ни се насобере, време е да се запрашаме, “Зошто“? Кога се навраќате што во суштина сакате, можете да ги балансирате сите елементи и да ги поставите на местото што сакате да бидат. Кога ќе се запрашате зошто одите на работа, ќе сфатите дека тоа го правите за да можете да живеете. И живеејќи всушност да уживате во животот. По тој редослед. Изгледа многу едноставно ако погледенте на овој начин. Кога ќе дојдете дома, вие сте исцрпени од напорниот работен ден и немате повеќе енергија. Доколку не си посветите време за себе, тогаш следниот работен ден ќе ви започне со дефицит на енергија.

Енергетски дефицит

Кога вашето ниво на енергија е намалено, тоа значи дека не сте се одмориле доволно и си создавате илузија дека нема доволно часови во денот. Доколку цело време размисливате на работите што треба да ги завршите, тогаш не можете вистински да се одморите и да уживате во моментот што го имате.

Одморете се вистински

Статистиките покажуваат дека луѓето спијат од шест до осум часови дневно. Но, дали вистински се одмораат? Колку пати го оставаме алармот да ни ѕвони пред да станеме и да се напиеме кафе? Доколку сакаме работата да остане на работа и да имаме време за нас самите, тогаш треба убаво да се наспиеме навечер и да собереме енергија.

Три чекори до одмор и апсорбирање на енергија

Најсигурниот начин за апсорбирање на енергија е да го смирите вашето тело, да го замолчите умот и да го насочите вниманието дома. Еве план од три чекори што ќе ви помогнат во тоа:

1. Направете самите да се чувстувате удобно

Одете на прошетка, уживајте во топла бања, слушајте ја омилената музика или напијте се пијачка. Направете ги работите во тој момент “што сакате“, а не “што требате“.

2. Исклучете го мозокот

Исклучете се од технологијата, списанијата и листата на работи што треба да ги направите, за да можете да се ослободите од идеите и фрустрациите. Креирајте простор во вашатата глава за да може тишината да пристигне.

3. Пренасочете го вниманието

Завршете го денот со 3-2-1. Размислете на барем три работи што придонеле да се чувстувате убаво, две што ќе ги промените утре, и една со која се гордеете. Насочувајќи го умот далеку од стресот и анксиозноста ќе ви ги овозможи бенефитите од одморот.

Откако вашата енергија ќе се врати, ќе бидете во можност да го ресетирате моментот и да ја задржите работата на работа, за да можете да го живеете животот и да уживате во забавата.