Чешка преговара со VW и LG за изградба на фабрика за батерии

94

Чешкото Министерство за индустрија и државното комунално претпријатие ЧЕЗ ги интензивираа активностите поврзани со планот за изградба на фабрика за батерии за електрични возила, со цел да најде партнери за тој проект вреден повеќе од две милијарди долари.

Чешка сака да привлече некој од играчите од индустријата на автомобили или батерии за инвестирање во фабрика во земјата, пренесува Ројтерс.

Министерот за индустрија на Чешка, Карел Хавличек рекол дека се водат разговори со Volkswagen, кој е сопственик на чешкиот производител на автомобили Skoda Auto, како и јужнокорејски LG.

Се проценува дека во првата фаза од проектот ќе бидат инвестирани 2,29 милијарди долари, а во фабрикат би биле вработени 2.300 лица.

Германски Volkswagen ја разгледува Чешка како дестинација за една од шесте фабрики за батерии што планира да ги изгради во Европа до 2030 година.

Фото: Pixabay