Четири метрополи ќе го забранат возењето на дизел до 2025 година

20

pariz

Градоначалниците на Париз, Мексико Сити, Мадрид и Атина најавија дека работат на имплементација на забрана низ улиците да се движат дизел автомобили и камиони до 2025 година, со цел да се подобри квалитетот на воздухот, пишува BBC.

На биеналниот состанок на градоначалници од сите делови на светот што минатата недела се одржа во Мексико, тие најавија и дека ќе се бараат алтернативни возила и ќе го поттикнуваат користењето на алтернативни возила и велосипеди.

Употребата на дизел во последно време сè повеќе е на удар поради штетното влијание на квалитетот на воздухот, а според Светската здравствена организација, три милиони луѓе годишно умираат поради лошиот воздух.