Четири работи што можете да ги направите со вашите пари, додека владее пандемијата

116

Избувнувањето на коронавирусот го наруши нашиот секојдневен живот, но и го загрози нашето здравје, а тука е и финансиската (не) сигурност. Сигурно многумина се прашуваат – што ќе се случи ако ја изгубам работата? Што треба да направам ако не можам да платам со кредитна картичка овој месец? Дали некогаш ќе закрепнеме? Иако не можете да контролирате кога пазарите ќе закрепнат или кога ќе се вратиме во вообичаените рутини, има некои работи што можете да влијаете кога станува збор за вашите пари.

Заштеда

Ако сè уште земате плата, сега е време да бидете упорни и дисциплинирани. Ако досега не сте го имале фондот “црни денови“, ова е вистинското време да се формира еден.

Работете на вашите финансиски цели

Светот околу нас може да изгледа различно, отколку што се случи пред неколку недели, но тоа не значи дека мора да ги промените вашите долгорочни финансиски цели. Ако сè уште сакате да купите стан, куќа или да заштедите продолжете да работите кон остварување тие цели. Патот до постигнување на вашите цели може да има препреки, но не се откажувајте од вашите планови сега.

Вашето осигурување

Нема ништо слично како глобалната здравствена криза да нè потсети на важноста на заштитата на нашите приходи, здравје и семејство. Ако веќе немате животно осигурување, но имате семејство кое зависи од вас, веројатно е време да размислите да купите полиса. Освен за животно, размислете и за здравствено осигурување.
 

Управување со вашиот долг

Банките воведоа одложувања на кредити. Ако знаете дека нема да можете да ја извршите уплатата следниот месец, повикајте го вашиот заемодавател и откријте кои се вашите опции.

Фото: Pixabay