Четири работи што секој менаџер за човечки ресурси треба да ги знае

475

hr

Фото: Pixabay

Менаџерот за човечки ресурси (ЧР) има единствена улога во компанијата – силна поврзаност со секој оддел, од придонесот на секој тим за компанијата до познавање на целокупната бизнис стратегија и индивидуалните потреби на вработените.

Сепак, модерниот менаџер за ЧР треба добро да ги познава четирите клучни елементи од функционирањето на една компанија, за да може повеќе да придонесе за успех на истата.

Маркетинг

Глобалниот натпревар за таленти бара од менаџерот за човечки ресурси да пристапи кон маркетингот како алатка за привлекување на креативните умови. Самата компанија го наметнува маркетингот како еден од начините за пронаоѓање на вистинските кандидати. Така вработените во одделот човечки ресурси имаат важна задача да ја прикажат компанијата во најдобро светло.

Сметководство

Менаџерот за ЧР треба да се разбира и од финансии, односно да го познаваат универзалниот јазик во бизнисот – сметководството. На тој начин тој/таа ќе може да учествува во изготвување буџети за создавање на предлози. Познавањето на сметководство го олеснува пресметувањето на перформансот кај вработените врз основа на инвентар, продажба, задоволството на клиентите, пресметувањето на рентабилноста за да се покаже исплатливоста на различни иницијативи поврзани со секторот човечки ресурси како развој на вработените, тим билдинг и останати програми.

Продажба

Менаџерите за ЧР треба да ја разберат продажната стратегија пред да донесат одлуки за барање на таленти. За да знаат какви вработени ѝ требаат на компанијата, каде да ги најдат и како да ги обезбедат, менаџерите за човечки ресурси мора да имаат добри познавања од она што самата компанија го нуди/продава. Доколку го поседуваат потребното знаење од продажба, полесно ќе идентификуваат каде недостасуваат таленти и како да се реши тој недостаток.

Грижа за клиенти

За професионалните менаџери за ЧР, вработениот е клиент и грижа за клиентите е всушност нивниот бренд. Исто како што вработените во одделот грижа за клиенти имаат задача да им излезат во пресрет на корисниците/купувачите, така менаџерот за човечки ресурси се грижи за вработените (сегашните и идните). Познавањето и грижата за потребите на потенцијалните и моменталните вработени се од клучно значење за професионалниот менаџер за ЧР.