Четири стратегии како да ја избегнете паранојата на работното место

45

zirka-pixabay

Фото: Pixabay

Довербата е важна работа во бизнисот и доколку личноста ја нема може да предизвика параноја што потоа води до низа лоши постапки.

Човечкиот мозок има тенденција да бара и да поврзува разни информации. Но ако погрешно ги поврзе и протолкува информациите, може да предизвика сомневање и појава на недоверба. Постојат психолошки фактори на работа кои водат до тоа луѓето погрешно да ги толкуваат информациите и придонесуваат за појава на сомневање дури и кога тоа не е оправдано.

Еве три видови на заблуди што треба да се напоменат:

Персонализирање на интеракции

Луѓето почнуваат да ги внесуваат своите сопствени приказни во ситуација. На пример, ќе си речете, “Причината поради која не добив покана за тој состанок е затоа што сите ќе дискутираат и одлучиле мене да ме исклучат од дискусијата.”

Размислување на најлошото

Луѓето често се параноични за туѓото однесување и погрешно го интерпретираат. Многумина имаат искуство со оваа ситуација кога испраќале имејл. На пример, сте му испратиле имејл на претпоставениот и тој не ви одговорил. Почнувате да мислите дека е нешто лут на вас, дека сте го разочараеле, дека ве казнува. Но, можеби едноставно немал време да го прочита вашиот имејл.

Теории на заговор

Оваа тенденција е од социјална природа. Кога менаџерот или колегата нема да ви одговори на повикот, ќе почнете да мислите дека заедно дискутираат за вас и сомнежот ќе се појави – Нема да го добијам унапредувањето.

Како да се справите со сомнежите и недовербата што се јавува на работното место?

Има одредени фактори што ги хранат сомнежите и затоа прочитајте четири стратегии како да избегнете погрешно интерпретирање на ситуациите:

Бидете свесни за статусот

Луѓето со помалку ресурси или енергија имаат тенденција кон огромна претпазливост – психолошкиот фактор што влијае кон погрешно интерпретирање на ситуациите. Групите на луѓе со понизок статусот имаат тенденција внимателно да бараат било каков доказ за поддршка на нивната теорија, бидејќи ако згрешат имаат многу да изгубат.

Соберете ги сите факти

Откако ќе дојдете до одреден заклучок, тогаш докажете си на себеси дека сте во заблуда. Истражувањата покажуваат дека луѓето имаат тенденција да ги занемарат информациите што не се во согласност со нивната теорија. Тоа природно му доаѓа на секој човек, но потребен е рационален пристап. Затоа работете напорно во собирање на сите информации и факти, вклучуваќи ги и оние што не се во согласност со вашите.

Информирајте се за “непријателите”

Поддржувачите на теориите на заговор имаат тенденција да читаат информации само што го поддржуваат нивното мислење и да комуницираат само со истомислениците. Меѓутоа, поголема е шансата да ја дознаат вистината, ако се информираат за работата на нивните “непријатели”.

Избегнете изолација

Доколку сомневањата ги чувате во себе или ги споделувате со група на пријатели што го делат вашето мислење, тогаш уште повеќе ја потпалувате паранојата. Од голема важност е да имате пристап до секави информации и да комуницирате со различини луѓе.