Ако вашиот приоритет е да бидете совесен и внимателен лидер, важно е да побарате совет и да идентификувате каде другите компании погрешиле.
Понекогаш се јавуваат проблеми во компаниите кога основачите и извршните директори не се грижат за компаниската култура. Во други случаи, компаниите имаат проблем да ја задржат својата култура со зголемување на персоналот.
Овие книги ќе ви помогнат критички да ја согледате културата на својата компанија:
Super Pumped: The battle for Uber – Мајк Исак
Помислете на ова како предупредувачка приказна – резултат на несериозно сфаќање на културата на компанијата од првиот ден. Во оваа книга, угледниот репортер на Њујорк Тајмс, кој детално известуваше за Uber го истражува растот и падот на компанијата и нејзиниот контроверзен основач и поранешен извршен директор. Книгата детално говори како Uber ги изневерува не само своите возачи, туку и своите корисници.
She said – Џоди Кантор и Меган Тухеј
Новинарките на Њујорк Тајмс кои стојат зад откривањето на продуцентот Харви Вејнштајн во оваа книга ги водат читателите преку истрагата што откри сексуално вознемирување кое траело со децении и обвинувања против Вејнштајн.
Nine lies about work – Маркус Бакингам и Ешли Гудал
Авторите тврдат дека многу од работите за кои компаниите сметаат дека се вистинити, всушност се спротивни на она што на вработените им е потребно или го сакаат. Тие го опишуваат она што тие го гледаат како деветте лаги што компаниите сами ги кажуваат.
Фото: Pexels