Четвртина од вработените во Германија работат од дома

16

Скоро една четвртина од вработените во Германија работеа од дома на крајот на јануари, покажуваат официјалните податоци.

Тоа значи дека бројот на луѓе кои работат од далечина е значително зголемен, што е и за очекување во рамки на напорите да се намали бројот на заразени од коронавирусот во текот на зимскиот период.

Владата во Берлин во јануари оваа година побара од компаниите да им овозможат на вработените да работат од дома, онаму каде што тоа е изводливо.

Во ноември 14% од вработените работеле на далечина или целосно од дома, а во декември тој процент е зголемен на 17%.

Во април минатата година, за време на пикот на првиот карантин, од дома работеле 27% од вработените во Германија.

Фото: Pexels